Почнува новата академска година

Од:

На универзитетите во Македонија денеска почнува новата академска 2016/2017 година.

За новите студенти ќе биде организиран прв академски час на факултетите, а на некои од нив ќе присуствуваат ректорите на универзитетите и претставници од ресорното Министерство.

Новиот ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски ќе присуствува на првиот академски час на студентите на Факултетот на информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) во Домот на АРМ.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, пак, ќе се обрати на првиот  час на Факултетот за информатички и комуникациски технологии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) Штип Блажо Боев  на свеченоста пред новите студенти на УГД.

Предавање по повод првиот академски час ќе се одржи за питомците и студентите на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарна „Гоце Делчев“ во Скопје, а свеченост за новите студенти ќе има и на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) на која ќе присуствува ректорот, Вулнет Амети.

Би можело да ве интересира

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ поднесоа пријава до Антикорупциска против рекорката Биљана Ангелова