Почнува кампањата за паралментарите избори, активности ќе има и во молкот за претседателските

Од:

Кампањата за Парламентарните избори почнува денеска со активности на партиите и коалиците за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици. Активности ќе има и за тековната кампања за Претседателските избори која ќе трае уште пет дена.

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, а ќе има и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. Активности ќе има и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ќе ја почнат кампањата со митинг во Охрид, а ќе се претстави и кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Коалицијата „Европски фронт“ најави активности во Скопје за конститутивна седница на победничко собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024 и претставување на претседателскиот кандидат Бујар Османи, како и централен митинг во Куманово. Во Куманово митинг ќе има и Движењето ЗНАМ и претседателскиот кандидат Максим Димитриевски. Во Штабот на Коалиција Вреди кај плоштадот Скендербег во Скопје е најавена перс-конференција на претседателскиот кандидат Арбен Таравари и на носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици.

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска кампањата за претставување на изборната програма ја продолжува со митинг во Велес, на кој ќе се обратат и претседателот на Левица и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов. Најавени се активности и на останатите учесници на изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија…

Кампањата за парламентарните избори завршува на 6 мај. Активности за оваа кампања ќе има и на 23 април, денот на изборен молк за Претседателските избори, за кои првиот круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај кога ќе се гласа за пратеници.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Ние филозофијата ја градиме како во Европа

Ристовски: Во македонскиот парламент ќе поднесеме резолуција со која ќе се дефинираат црвените линии на македонскиот национален интерес

Предраг Петровиќ

Мицкоски до Ахмети: Наместо да завршиш како идеолог, во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

Мицкоски: ДУИ ќе одат во опозиција и ќе има одговорност, идната влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Сега следната наша цел повторно историска е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во македонскиот Парламент