А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почнува изградбата на снежниот град на Попова Шапка

by А1он19/02/2019 - 08:30319
Share0

По 42-ри пат, од денеска до 24-ти овој месец во Попова Шапка ќе се одржи традиционалната детска манифестација „Снежен град – 2019“, на која ќе учествуваат ученици од основни училишта од Скопје, Куманово, Виница и Тетово.

Добивај вести на вибер

Како што информира организаторот на манифестацијата – Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје, екипите составени од по десетина деца со свој ментор, со потребните алатки ќе ја градат своја склулптура и ќе ја прикажат својата креативност и умешност.

-Децата кои учествуваат на снежен град користејќи ја својата фантазија, се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект кој што тие си го замислиле. Веруваме дека како и секоја година ќе направат впечатливи, уметнички скулптури, велет од Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје.

Во рамките на манифестацијатаќе се одржат и други активности од забавно-рекреативен карактер, како избор на снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, шах, училишна квизотека, пикадо, снежен крос, најслатка бонбона, снежно бинго, бал под маски и забава во дискотека за учесниците.

На 24 февруари во 11:00 часот децата – градителите заедно со директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска Серафимовска ќе го претстават и свечено ќе го отворат „Снежниот град“ за сите посетителите кои ја сакаат оваа уметност да ги разгледаат ремек делата на малите креативци направени од снег.

popova shapkasnezen grad

Би можело да ве интересира

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Горан Наумовски11/12/2023 - 08:04

Десетина сантиментри нов снег на Попова Шапка

Горан Наумовски26/04/2023 - 10:21

Најстудено во Маврово, најмногу снег на Шапка

Сандра Бошковска17/02/2019 - 08:24

Во сабота на Попова Шапка отворање на „Снежен град“

Наум Локоски23/02/2017 - 16:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен