Најстудено во Маврово, најмногу снег на Шапка

Од:

Утрово најстудено е во Маврово, -9 степени, а максимални два се измерени во Дојран.

Според УХМР, минус 7 е во Берово, минус 5 во Скопје-Петровец и Лазарополе, минус 4 во Крива Паланка, Тетово, Битола, Штип, Демир Капија, Струмица, Дебар и Претор, минус 3 во Прилеп и Крушево, минус 2 во Охрид, минус 1 во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Гевгелија и Виница.

До 7:30 часот висината на снежната покривка е 78 сантиметри на Попова Шапка, 57 во Маврови Анови, 26 во Крушево, 11 во Лазарополе и два сантиметра во Пожаране.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Во текот на работната недела ќе преовладува претежно сончево и потопло време со пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска

Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Катерина Ѓуровски

Десетина сантиментри нов снег на Попова Шапка