Почнува изградбата на црквата Св.Јован Крстител во Бутел

Од:

Во населбата Бутел во Скопје денеска ќе биде поставен и осветен камен темелник за изградба на црква посветена на Свети Јован Крстител.

Црквата ќе се гради на местото на ракометното игралиште на некогашниот клуб „Бутел“, а ктитор е Мите Јовановски, сопственик на „Мак оил“.

Според проектот, површината на црковниот објект е над 500 квадратни метри, а нејзиниот највисок дел ќе биде 25 метри. Ќе се изградат и помошни простории за крштевање. Заедно со нив таа ќе зафаќа вкупна површина од над 1.000 метри квадратни. Камбанаријата, пак, ќе биде висока 36 метри.

Планирано е храмот да биде готов за четири години.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите