Почнува изградба на регионален пат за населбата Сончев Град

Од:

Во општина Сопиште денеска ќе биде означен почеток на градба на регионален пат за населбата Сончев Град што ќе ја гради турската компанија „Џеваир холдинг“ која е инвеститор и на висококатниците што се градат во скопската населба Аеродром.

Во декември минатата година општината на електронска лицитација за цена од 132 денари по метар квадратен или 1,8 милиони евра на „Џеваир ходинг“ му ја оттуѓи локацијата со површина од 835.619 метри квадратни на која ќе се реализира комплексот Сончев Град.

Проектот Сончев Град предвидува преку 60 отсто од градбите во комплексот да бидат наменети за домување, од кои домувањето во индивидуални куќи учествува со 51 проценти, станбените згради со минимум 9, а категоријата групно домување со максимални 5 отсто.

Во урбанистичкиот план е зацртано преку 20 отсто од површината да биде зеленило и објекти за спорт и рекреација, како и меморијални простори. Во комплексот е планирано да се градат и јавни институции, трговски центри, бензински пумпи и училишта.

„Џеваир холдинг“ ќе може да го реализира проектот во неколку фази, при што во првата етапа е должен да изведе најмалку 10 отсто од целокупната површина наменета за градење.

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка