Почнува големата акција за чистење на Скопје

Од:

Градските власти денеска од општина Бутел ја почнуваат големата акција за чистење на улиците со цел намалување на загаденоста, која ќе се спроведува во сите скопски општини во период од 20-тина дена.

– Град Скопје во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика ангажира стотици невработени лица кои заедно со надлежните јавни претпријатија ќе ја спроведат оваа акција. Ова е една од краткорочните мерки против загадувањето на Скопје оваа зима, најави завчера на прес-конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов. На ангажирните лица ќе им биде обезбеден хонорар, надомест за храна и платен автобуски превоз.

Според Шилегов, загадувањето се должи и на наталожената прашина на скопските улици која, како што рече, со години стои неисчистена.

– Секоја општина со целата своја механизација, заедно со градските јавни претпријатија и ангажираните лица ќе чисти во точно определени денови. Почнуваме од Бутел, а потоа ќе продолжиме во другите општини. Предвидени се по ден-два за секоја општина во зависност од нејзината големина. Откако ќе завршиме со чистењето на општините, ќе се чисти кејот на реката Вардар, рече Шилегов. Ги повика сите граѓани, општествено-одговорни компании, институции и невладини организации да се приклучат во акцијата за чисто и незагадено Скопје.

Акцијата за чистење на Скопје ќе се реализира секоја есен и пролет и предвидено е да стане традиционална.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ