Почнаа поправките на детските и повеќенаменските игралишта во Кочани

Од:

Пред почетокот на пролетта, како и секоја година, надлежните служби од Општина Кочани извршија увид во состојбата со детските, повеќенаменските игралишта и спортските сали со кои стопанисува Локалната самоуправа со цел да ги извршат неопходните поправки.

Според извештајот на службите, констатирани се оштетувања на лулашките и на спортските реквизити.

– Во наредниот период ќе ги поправаме скршените клацкалки, искинатите синџири на лулашките, ќе ја обновиме бојата и песочната подлога кај детските игралишта. Кај повеќенаменските ќе поставиме нови мрежи на местата на искинатите, а ќе ги замениме и скршените кошеви и скинатите оградни мрежи, најави Горан Ивановски од Одделението за уредување на градежното земјиште.

Пред почетокот на санацијата, Општината апелирa на совесно однесување на граѓаните кон комуналната и урбаната опрема во градот.

– Најавуваме и акции на синхронизирано дејствување на полицијата и комуналните редари од Општина Кочани. За соработка ги повикуваме граѓаните кои ќе бидат сведоци на вандалско однесување кон јавното добро, случаите да ги пријават на телефонскиот број на Општина Кочани, 033 274 001. Кон лицата што ја уништуваат опремата, ќе бидат преземани соодветни казнени мерки, соопшти градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот