Почнаа да течат изборните рокови

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска напладне ги распиша предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 11 декември, по што почнаа да течат изборните рокови.

Сите изборни рокови за предвремените избори се скратуваат за пет дена, освен рокот за траење на изборната кампања кој останува 20 дена.

Државната изборна комисија (ДИК) веднаш по распишувањето на изборите изпраќа до МВР барање за доставување податоци за граѓаните, кои Министерството до ДИК треба да ги достави наредниот ден од денот на распишување на изборите.

ДИК најдоцна 10 дена од денот на распишувањето на изборите треба да го стави Избирачкиот список на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии. Јавниот увид во Избирачкиот список трае 15 дена. ДИК во рок од пет дена од денот на завршување на јавниот увид, списокот треба да го достави до политичките партии, кои, пак, во рок од пет дена од денот на неговиот прием до ДИК доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци. По поднесеното барање ДИК одлучува со решение во рок од три дена од денот на приемот на барањето, а против решението на ДИК политичката партија во рок од 24 часа од неговиот прием може да поднесе тужба до Управниот суд. Судот е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.

Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид ДИК го заклучува најдоцна 10 дена по неговото завршување, а треба да го потпише заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа најдоцна 10 дена пред денот на одржување на изборите.

Собирањето потписи пред овластени лица од ДИК за предлагање листа на кандидати за пратеници од група избирачи започнува 10-иот ден од денот на распишувањето на изборите и трае 10 дена. Листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија овластените претставници на предлагачите доставуваат до ДИК. Редоследот на листите на кандидати ДИК го утврдува со жрепка и тој број е ист во сите изборни единици.

Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на одржување на изборите, а завршува на полноќ еден ден пред нивното одржување.

ДИК најдоцна 25 дена пред денот определен за избори ќе ги објави описите на изборните единици утврдени со Изборниот законик.

Болните и немоќни лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот на изборите исто како и избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор.

Избирачите кои на денот на гласањето се на привремена работа или престој во странство гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва еден ден пред денот на одржување на изборите во Македонија. Гласањето во Република Македонија започнува во 7 часот и трае непрекинато до 19 часот на денот на изборите.

ДИК првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците на општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Комисијата конечните резултати од изборите ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Против решението на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од неговиот прием. Судот е должен да донесе одлука во рок од 24 часа од приемот на тужбата.

ДИК со решение ќе го повтори гласањето на гласачките места на кои го поништила гласањето само од вкупниот број на запишани избирачи на тие избирачки места на ниво на Изборна единица влијае врз вкупните резултати. Гласањето на овие гласачки места ќе се повтори по 14 дена сметано од денот на гласањето.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар