Почна жетвата на оризот во Кочанско

Од:

Во атарот на Облешевско поле на површините насеани со турски сорти ориз, денеска почна жетвата на оризовата култура. Првите снопови оризов клас се ожнеани на површините на Коце Ангелов, индивидуален земјоделски производител од село Облешево.

– Денеска со зажнејување на површините под ориз со срп и официјално ја почнавме жетвената акција за собирање на родот од ориз од годинашната реколта. Површините што беа насеани со турските сорти: харибеј, мембо и опале и кои имаат најкратка вегетација дадоа добар род. Јас сум зедоволен од првичните приноси по единица површина, што надминуваат и над 550 килограми од декар, ни изјави Коце Ангелов, земјоделец од Облешево, кочанско.

Жетвата на оризот во Кочанскиот производен регион се очекува да се интензивира деновиве, бидејки на одредени површини оризот е веќе стасан за жетва. Од насеаните 2.500 хектари под ориз во регионот се очекува род од 12.000 до 14.000 тони арпа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот