Почна забраната за јавно промовирање на кандидати во локалните избори

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Од денес до четврти март, е забрането јавно промовирање на кандидатите за градоначалници и за општински советници. Советот за радиодифузија во наредните две недели ќе врши засилен мониторинг врз електронските медиуми.

Медиумите пред официјалниот почеток на изборната кампања не смеат да промовираат и да информираат за активностите на кандидатите.

Тие можат да одлучат дали ќе информираат за одреден настан, но според законската рамка, не може во ист контекст да се спомене некој кандидат за претстојните локални избори, или пак да се пласира негова изјава.

Од советот потсетија доколку медиумите не го почитуваат Изборниот закон и правилник за однесување на радиодифузери, во период на предизборната кампања, ќе се соочат со казни.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“