Почна увидот за причините за пожарот во „Глобал“

Од:

Увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ почна претпладнево во Струмица. Инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство влегоа во трговскиот центар и почнаа со истражување за причините за избувнувањето на големиот пожар, соопштија од ОЈО Струмица.

Почетокот на увидот го потврди и Митко Димчев, инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, кој информираше дека пожарот е изгаснат и истражителите можат да почнат со работа.

Во пожарот, што избувна во саботата навечер во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, како и дел од вториот.

Пожарот во „Глобал“ бил пријавен од стражарската служба. Тој избувнал во делот каде се врши доставување на стока и брзо се проширил.

Премиерот Зоран Заев, кој заедно со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, вчера беше на увид по големиот пожар, најави организирање масовна солидарна акција за расчистување и за возобновување на „Глобал“, како и акција за финансиска помош.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски