Почна тридневната акција за чистење во општина Бутел

Од:

Екипи на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ ја почнаа тридневната акција за чистење во општина Бутел.

Во рамки на акцијата ќе се чистат улиците и тротоарите, ќе се коси тревата на јавните површини, ќе се кастрат сувите гранки од дрвјата…

Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски изрази задоволство од стартот на оваа акција. Договорено е со директорите на јавните претпријатие да се среди просторот долж улицата „Цетинска“ кај старите напуштени отпади.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ донесена е огромна корпа за хортикултурно уредување на зеленилото кај кружниот тек. Поради топлото време ќе се почека со садењето на зимските цвеќиња на кои им се потребни пониски температури.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат кражбите на бронзени бисти од гробиштата Бутел

(ВИДЕО) Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски