Почна таргетираниот скрининг со ПСР тестови – први се тестираат вработените во градинките

Од:

Министерството за здравство информира дека денеска почна таргетираниот скрининг на одредени критични категории на пациенти за КОВИД-19.

„Од денеска почнува скринингот на одредени критични категории. Почнуваме со вработените во градинките, со цел паралелно на овој процес со кој се прави изготвување на протоколот за работа на градинките, тие да се ставаат во функција. Сметаме дека е ова најдобриот пристап, затоа што и на тие несвесни носители на вирусот ќе бидеме во можност контактите да ги ставиме во изолација. Затоа и го крстивме таргетиран скрининг“, рече министерот Филипче.

На територија на Република Северна Македонија се отворени пунктови за земање брисови од пациенти кои се упатени од матични лекари по претходен скрининг за КОВИД-19 во просториите на Центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици, а за Град Скопје во поликлиниките на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.

Таргетираниот скрининг за вработените во градинките се спроведува по посебен протокол и со земање на брисеви во пунктовите со веќе дефинирано работното време од 08 до 14 часот.

Закажувањето на земање на брис за вработени во градинки се врши преку договор помеѓу надлежниот Центар за јавно здравје или Подрачна единица од територијата на соодветниот ЦЈЗ/ПЕ. Распоредот за земање на брисеви по денови е согласно табеларен распоред. Се применува Протокол за земање на биолошки материјал (брис) од пунктови за скрининг на лица во ризик од КОВИД-19 во однос на користење на ЛЗО и земање на биолошки материјал, соопштуваат од МЗ.

Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје направија план за скрининг на лица за кои се смета дека се во критична категорија. Во овој скрининг ќе бидат тестирани здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижувањена стари лица, пациенти со хронични болести кои беа одложувани, пациенти на биолошка терапија.

Скринингот ќе се прави со ПСР тестови, а целта на тестирањето е да се идентификуваат асимптоматските носители на вирусот – односно луѓе кои се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми. Со оваа стратегија, ќе се овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително зголемување на бројот на тестови, информира Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски