Почна средбата Црвенковски-Тачи

Од:

На половина пат Скопје-Тетово во Петрол Компани тукушто седнаа на заедничка маса лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвеновски и Мендух Тачи.

Во придружба на Црвенковски се и Андреј Петров и Игор Ивановски а со Тачи се почесниот претседател Арбен Џафаери и Имер Алиу.

Партиското раководството на ДПА во понеденикот му даде зелено светло на Мендух Тачи да почне разговори за соработка за локалните избори со СДСМ по што беше договорена средбата за која повеќето новинари се со став дека е историска.

Груевски и Ахмети соработката ја оценија како непринципиелна и како коалиција од личен интерес.

Доколку се постигне договор за соработка, се предвидува кандидатите на СДСМ или опозициските партии да бидат поддржани во Скопје, Бутел, Центар, Карпош, Гази Баба, Битола, Охрид, Битола, Ресен, Куманово и Крушево, а кандидатите на ДПА ќе бидат поддржани во Тетово, Чаир, Струга, Дебар, Гостивар,Тетово, Сарај, Студеничани, Липково, Теарце, Брвеница и Желино.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО