Почна собирањето на 3.200 потписи за референдум против депонија во Неготино

Од:

Почна собирањето 3.200 потписи за референдум против депонија во Неготино. Сашко Тодоров, претседател на Здружението на граѓани „Ековита”, кое ја покрена иницијативата за распишување на референдум до Државната изборна комисија, потсети дека според закон, прво биле собрани сто потписи во подрачната канцеларија на ДИК и потоа соодветната документација била дадена до Советот на општината.

-Вчера го подигнав решението потпишано од претседателот на Советот, дека се е во ред и дека документацијата е уредна. Од денеска па во наредните 30 дена, треба да се соберат 3.200 потписи. Ако се соберат, а јас се надевам дека ќе се соберат, ќе се оди на референдум за најавената депонија, рече тој.

Тодоров, кој е биолошки инжењер, повтори дека неготинци се плашат за здравјето и животната околина, иако на јавна расправа по ова прашање беше соопштено дека депонијата за инертен индустриски неопасен отпад би била контролирана, безбедна и транспарентна.

Би можело да ве интересира

Починато бебе донесено во неготинската болница, телото на обдукција

Апсења во неколку градови низ Македонија: Предистрага „Синџир“ за дела против јавните финансии

Александар Тодески

Полицијата со детали за сообраќајката во која загина 77-годишен пензионер од Неготино

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Семејно насилство: Со нож и се заканувал на сопругата и на нејзиниот татко

Сообраќајка во Неготино: Изгуби контрола и со моторциклот удри во куќа