Денес почнува тестирањето за коронавирус на вработените во градинките, извести министерот за здравство Венко Филипче. Треба да бидат тестирани околу 2000 вработени во градинките ширум земјата.
„Десетина дена би требало да трае скиринингот, почнува денес. Имаме реални шанси да го зголемиме бројот на тестови што ќе се прават дневно со ослободувањето на капацитетите во лабораториите па можно е тестирањето да заврши и побрзо“, рече министерот Филипче.
Планот е сите градинки да се отворат едновремено, во целата држава, а нивното отворање ќе го следи враќањето на работа на родителите. Секој вработен покај тестирањето ќе треба да пополни и епидемиолошка анкета во однос на условите во кои живее, околината, семејството за да се направи проценка на ризикот од евентуално заболување. Целта на таргетираното тестирање на вработените во градинките министерот вели дека е откривање на асимптоматските случаи и отфрлање на секоја можност децата да бидат изложени на вирусот.