Почна сезоната на изнајмување велосипеди во Скопје

Од:

Од денеска секој ден во периодот од 7 до 22 часот на пет локации во Скопје граѓаните ќе можат да изнајмат велосипед по цена од 10 денари за час, информираат од Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје.

Велосипедите ќе можат да се изнајмат во катната гаража „Македонска Фаланга“, јавните паркиралишта Градска општа болница и Градска општа болница „8 Септември“, јавната површина наменета за паркирање зона Д3 позади ТЦ Бисер во општина Аеродром и јавното паркиралиште Треска.

– Целта на проектот „Изнајми велосипед“е да се подигне нивото на еко свеста кај граѓаните, да се намали градскиот метеж, како и да се подобри социјалниот живот на граѓаните, велат од ЈП Градски паркинг.

Оттаму информираат дека од утре ќе бидат пуштени и електромобилите кои ќе бидат поставени на плоштадот Македонија, кај споменикот „Воинот на коњ“ со цел туристичко разгледување на централното градско подрачје и културните знаменитости.

– Цената за едно лице, за едно возење изнесува 50 денари, а капацитетот на едно возило е четири лица (3+1-возач), посочуваат од ЈП Градски паркинг.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски