Почна санирањето на локалните патишта во Куманово

Од:

Во Куманово денеска почна санирањето на локалните патишта и улици.

Од општината соопштија дека се санираат асфалтните оштетувања на улиците „Доне Божинов“, „Гоце Делчев“,„Народна револуција“,„Бајрам Шабани“… Екипите на кумановската фирма која го доби тендерот од минатата година се на терен и ги санираат оштетувањата предизвикани од интензивните врнежи изминативе месеци. Активностите се спроведуваат согласно програмата за изградба, реконструкција и санација на локалните патишта и улици. Претходната недела, информираа од општината се подготвуваше теренот за поставување на асфалтен слој.

Санацијата, како што велат од општина Куманово, ќе се спроведува наредниот период согласно планот и програмата, почнувајќи од централните градски улици, движејќи се кон перферијата и приградските населби.

Помошникот раководител на Секторот за урбанизам Момчило Јовановски информираше дека дневно се употребуваат по триесетина тони асфалт. Од минатогодишниот тендер има уште 750 тони асфалт кој ќе се користи за санација на локалните патишта во Куманово.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски