Почна санацијата на улицата „Маршал Тито“ во Неготино

Од:

Во Неготино почнаа градежните активности за санација на главната улица „Маршал Тито“ .

– Станува збор за санација на потегот од раскрсницата со улицата „Манчо Малиминов“ до раскрсницата со улицата “29 Ноември“. Санацијата на коловозот на предвидениот потег опфаќа замена на коловозната покривка по целата ширина на коловозот од седум метри, како и замена на горниот слој што е оштетен. Работите на терен ги изведува градежната фирма „Градба промет“ и според проценките на стручните служби, се очекува работите да завршат за 14 дена, информира Методи Митрев, портпарол во општината.

Тој апелира до моторизираните граѓани кои поминуваат на потегот на кој се изведуваат градежни работи, внимателно да возат, со цел нивна и безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Додека трае санацијата, сообраќајот ќе биде регулиран со сообраќајна сигнализација, која континуирано ќе биде присутна на терен.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко