Почна реконструкцијата на булеварот „Васко Карангелевски“

Од:

Градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром Коце Трајановски и Ивица Коневски денеска присуствуваа на почетокот на градежните работи за реконструкција на дел од булеварот „Васко Карангелевски“.

– Станува збор за реконструкција на булеварот „Васко Карангелевски“ на потегот од крстосницата со бул. „Јане Сандански“ до крстосницата со бул. „АСНОМ“ кај хотел „Русија“, во должина од 600 метри. Со проектот е предвидено гребење на горниот слој од постојнииот коловоз и нанесување на нов асфалт од типот сплит мастик, рече Трајановски.

Со реконструкцијата на овој булевар кој, како што рече, во моментов е во катастрофална состојба, значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот. Изрази надеж дека градежните работи ќе завршат во текот на септември.

Градоначалникот Коневски истакна дека реконструкцијата значително ќе ги подобри условите во сообраќајот на оваа сообраќајница, ќе им го олесни пристапот на жителите до зградите и ќе придонесе за зголемување на безбедноста.

Покрај санацијата на коловозот, со овој проект е предвидена и санација на рабниците и реконструкција на дел од тротоарите. На терен ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, а за реализацијата на овој проект Градот Скопје ќе вложи 7,8 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски