Почна расправата за распуштање на Собранието

Од:

Пратениците во Собранието на Република Македонија попладнево ја почнаа расправата за негово распуштање за што предлози имаат доставено пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери и пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

За предлогот за распуштање на Собранието СДСМ образложи дека е во согласност со Договорот од Пржино во интерес на разрешување на политичката криза и оти веќе почнале законските рокови за распишување избори. Според предлагачите, со распуштањето на Парламентот ќе се создадат уставни можности изборите да се одржат на 11 декември годинава.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ поддршката за одлуката за распуштање на Собранието ја услови со претходно усвојување на буџетот за 2017 година. Според партијата, со донесување на буџетот ќе се обезбеди гаранција за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.

Собранието претходно денеска го донесе Буџетот за 2017 година, со што се создаде услов за распуштање на овој пратенички состав.

Пред почетокот на расправата за распуштање, пратениците ги избраа Дејан Бошковски и Енвер Елмази за членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Собранието ги донесе и измените и дополнувањата на Законот за банките, на Законот за иновациска дејност и програмата за одбележување јубилејни годишнини за значајни настани и личности.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик