Почна примената на брзите тестови за Ковид-19

Од:

Почна примената на брзите тестови за Ковид-19, потврди д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

Здравствениот дом Скопје е прва здравствена организација во земјава што почна со изработка на брзите тестови. Станува збор за тестови од фирмата Abbott кои даваат 99,6 отсто точност на резултатот.

Во однос на постапката со овие тестови, прво се зема брис назоферигијално, потоа се става во епрувета во која има течност, потребно е од 15 до 20 минути, на една плочка се капнува каде што веднаш се добива резултатот.

Доколку е лицето позитивно, веднаш во текот на денот ќе биде известено од Институтот за јавно здравје кој понатаму ќе постапи со епидемиолошка анкета за лицето да биде ставено во изолација.

Денеска во Министерството за здравство, како што соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче, ќе пристигне донација од 13 000 брзи тестови. Тестовите, посочи, ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето.

– Тринаесет илјади брзи тестови следната недела ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање, рече вчера министерот Филипче.

Посочи дека добиле голема сума пари со ребалансот на буџетот близу 40 милиони денари и ќе набават близу 100.000 тестови во следниот период за да одговорат на сите потреби.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски