Почна пријавувањето на таксистите за бесплатен курс по англиски јазик

Од:

Министерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) објавуваат јавен повик за пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија за посетување обука за изучување англиски јазик.

Обуката која содржи 80 часови односно 40 блок часови, појасни на денешната прес-конференција портпаролот на Министерството за транспорт и врски Драган Симоновски ќе ја вршат професори по англиски јазик, а трошоците ќе се обезбедуваат од буџетот на општините.

– Целта е да се добие поквалитетен такси превоз особено за туристите кои ја посетуваат Република Македонија, нагласи Симоновски.

Тој посочи дека сертификатот за познавање основно ниво А1 на англиски јазик за таксистите е задолжително од 1 јануари 2017 година.

За сите оние кои ќе го немаат сертификатот ќе постојат одредени законски санкции.

Право на учество на јавниот повик имаат сите таксисти вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија, а да не се постари од 62 години. Овој повик не се однесува на такси возачи вработени во правни лица, лиценцирани да вршат такси дејност во градот Скопје.

Пријавувањето е електронски на интернет страниците на Министерството за транспорт и врски и на ЗЕЛС. Кон пријавата треба да се достави копија од лична карта во скенирана форма, копија од М-1 и М-2 образец за лицето што се пријавува и задолжително да се наведе општината во која се врши дејноста такси возач. Пријавите можат да се достават во рок од 45 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Би можело да ве интересира

Таксист нападна жена под Железничка станица во Скопје

Горан Наумовски

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска