Почна прекопувањето на регионалниот пат Битола – Новаци

Од:

Почна прекопувањето на регионалниот пат Битола – Новаци кој води до РЕК Битола. Се прави канал низ кој ќе помине водата по што се очекува нејзиниото ниво во поплавените подрачја да се намали за еден метар.

– Го пресекуваме регионалниот патен правец Битола – Новаци за да се ослободи водата од реката Црна и да се избегне големата опасност од поплавување на селата во општина Новаци, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.

Со испуштање на водата, додаде, ќе се избегне опасноста да влезе во куќите и да предизвика голема материјална штета.

crnaReka

– Ако треба ќе направиме и други вештачки корита за да може водата да продолжи да тече со што ќе се намали целокупното водно пространство во овој дел и општина Новаци ќе биде ослободена од опасноста од големи материјални штети, како на земјоделските површини, така и на индивидуалните објекти кои се во голема опасност истакна Салиу.

Според градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски, сечењето на патот е неизбежен потег зашто ситуацијата е тешка.

– Во Новаци имаме изградено одбранбени насипи, но прелевањето на водата од едната на другата страна на патот беше неизбежен. Комуникацијата на населението меѓу општините Битола и Новаци во наредниот период ќе се врши по обиколницата што води кон селото Добромири, Агларци, Дедебалци, Добрушево до Тополчани, а оттаму граѓаните ќе можат да пристигнуваат во Битола, објасни Котевски.

Во договор со генералниот директор на РЕК „Битола“, на местото каде што е пресечен регионалниот патен правец Битола – Новаци и кој воедно служи за превоз на работниците во комбинатот, ќе биде поставен времен подвижен премин исклучиво наменет за пешаци. Преку него ќе се врши преземање на работниците од едната до другата страна и обратно.

Одлуката за сечење на регионалниот пат до РЕК Битола беше донесена по денешниот состанок на регионалниот кризен штаб.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави