ВИДЕО: Почна поставувањето топловодни пумпи во клонот Панорама од градинката Кочо Рацин

Од:

Во клонот Панорама од градинката Кочо Рацин денеска почна монтирањето на топловодните пумпи кои треба да ги заменат досегашните котли на мазут и нафта за загревање.

– Оваа градинка досега се грееше со користење на мазут, односно нафта и претставуваше еден од изворите за загадување. Веќе тоа е минато во оваа градинка и е последен објект кој Општина Центар го прилагодува на еколошки начини на загревање и разладување, рече денеска при посетата на градинката градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Со овие топловодни пумпи, како што посочи тој, значително ќе заштедат финансии кои се користеле при загревање или ладење на самиот објект и воедно ќе се придонесе преку природни начини да се избегне загадувањето на животната средина.

– Многу сум среќен што ова е прв објект и во нашата општина, во нашиот град и во нашата држава кој ќе ги користи овој начин на загревање преку користење на топловодните пумпи. Со ова покажуваме на кој начин се грижиме пред се за децата кои доаѓаат во детските градинки, но и како се грижиме за животната средина за која секој ден треба да придонесуваме, бидејќи на крајот сите ние сакаме да имаме убав и здрав нормален живот, посочи Богдановиќ.

Соопшти дека целиот проект е финансиран од страна на Владата која помогна оваа градинка да добие нов начин на загревање.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата