Почна постапката за прогласување на планината Јакупица за заштитено подрачје.
Веќе се подговува студија за оценка на вредностите на планинскиот предел, а експертите ги одредија границите на кои ќе се истражува.
Иницијаторите на ваквиот предлог, еколошкото друштво Вила Зора од Велес и партијата Дом сметаат дека со заштита на овој планински предел бенефит ќе имаат и државата и локалното население.
Јакупица е најголема планина по површина во земјава. Таа изобилува со исклучителни природни богатсва и реткости, па затоа вреди да се заштити, сметаат експертите.
Иницијативата за заштита на Јакупица ја поддржа и министерството за животна средина. Дали планината ќе стане заштитено подрачје ќе се знае откако ќе завршат сите истражувања на терен и ќе се утврдат нејзините вредности.
Јакупица да стане заштитено подрачје, бара еколошкото друштво Вила Зора од Велес и партијата Дом. Тие веќе ја почнаа постапката за утврдување на нејзините вредности. Сметаат дека ако планинскиот предел се заштити, бенефит ќе имаат и државата и локалното население.