Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица

Од:

АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина денеска ги започнаа активностите на терен за монтирање на новите цевки на топловодот под мостот Беласица, информираат од АД ЕСМ.

Оттаму посочуваат дека поставувањето на топловодот ќе се спроведува во наредните месеци со цел комплетно да биде подготвен за ставање во функција во текот на претстојната грејна сезона.

– Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на АД ЕСМ се соочија со предизвикот, да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикаа застој во поставување на цевководот, кој се јави како последица на исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните менаџерски тимови на двете компании, изјави Петар Милетиќ, новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, кој присуствуваше на почетокот на активностите на терен.

Од АД ЕСМ известуваат дека до целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод „А“, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО.

– Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури, велат од АД ЕСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

Мостот „Беласица” утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности

ЕСМ почна да го санира цеквоводот на мостот „Беласица“

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер во четири очи во АД ЕСМ, во износ од 1.8 милиони евра

А1он

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски