Почна конститутивната седница на осмиот собраниски состав

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ја одржува конститутивната седница на осмиот пратенички состав.

Седницата ја води најстариот пратеник Стојан Миланов од Социјалистичката партија, а на неа, од вкупно 123 избрани претставници присуствуваат 85 пратеници. Како што најавија, на седницата не присуствуваат членовите на опозициските СДСМ и нејзините коалициски партнери, како и пратеникот од НДП кои освоија мандати на предвремените парламентарни избори на 27 април. СДСМ и коалицијата освои 34 мандати, а НДП еден.

Откако ќе бидат избрани претседател и членови на Верификациската комисија на Собранието на Република Македонија, ќе бидат верификувани мандатите на пратениците. Потоа ќе следува избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која може да предложи претседател на Собранието од редот на пратениците. Претседател на Собранието можат да предложат и најмалку дваесет пратеници. За да биде избран претседател на Собранието потребни 62 гласа.

На седницата присуствуваат новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов и други гости од политичкиот јавниот живот од Македонија, верските лидери во земјата, како и претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадорот на САД Пол Волерс и првиот човек на делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав.

Според официјалните конечни резултати на Државната изборна комисија  од предвремените парламентрани избори, одржани на 27 април, во идниот состав на Парламентот треба да седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“