Почна Конгресот на ЕНП

Од:

Утрово почна работниот дел на Конгресот на Европската Народна Партија, каде што 758 делегати треба, меѓу другото, да го изберат Кандидатот на ЕНП за Претседател на Европската Комисија. Две носечки теми на приот работен дел од Конгресот биле „Просперитет за сите – повеќе раст и работни места” и „Предизвиците на Европа со миграција”.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Претседателот Христијан Мицкоски, придружуван од Потпретседателот Александар Николоски, Меѓународниот секретар Влатко Ѓорчев и Советникот за надворешна политика Тимчо Муцунски, учествува во работниот дел на Конгресот.

Ден пред почетокот на Конгресот, кога се оддржа Политичкото Собрание на ЕНП, Мицкоски оствари средба со Манфред Вебер кој најверојатно ќе биде кандидат на ЕНП за Претседател на Европска комисија. Во текот на Конгресот Мицкоски ќе се сретне со голем број претставници на сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ.

Вечерва Мицкоски ќе присуствува на Самитот на Европската народна партија, каде што учество земаат Претседателите, Премиерите и Лидерите на опозиција на најголемото и најмоќно политичко семејство во Европската унија.

Свое присуство на Самитот веќе најавиле Ангела Меркел, Доналд Туск, Жан Клод Јункер, Себастијан Курц, Виктор Орбан, Андреј Пленковиќ, Јанез Јанша и Бојко Борисов.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ