Почна изградбата на првата руска црква во Македонија

Од:

Во општина Аеродром, спроти спортскиот сентар „Јане Сандански“, денеска беше поставен поставен камен – темелник за изградба на црква посветена на „Св. Троица“.

Ктитор на новата црква е рускиот бизнисмен и сопственик на спортскиот клуб „Вардар“ Сергеј Самсоненко, а осветувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Изградбата на првиот руски православен храм во Македонија, според г.г. Стефан, ќе влезе и ќе се забележи не само во историјата на Македонската православна црква, туку и во историјата на руско-македонското пријателство.

– Веруваме дека ќе биде храм-мост, кој уште повеќе ќе ги зближи нашите братски народи и сестрински цркви и ќе биде дел руска душа на македонската земја, рече г.г. Стефан.

Изградбата на храмот, додаде, е споменик на вековните духовни врски на пријателство меѓу Македонија и Русија, врските од преродбенскиот период до денес.

– Во ова наше време најмногу ни е потребна подадена пријателска рака, особено на црковен план и неоправдано ја очекуваме со голема надеж. Овој нов храм нека биде сведок и потврда на нашата меѓусебна љубов и почит, нека биде дом што ќе ја сведочи нашата заедничка вера и љубов, нагласи ариепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Самсоненко подвлече дека изградбата на руски православен храм во Македонија е вистинска работа да ги спои нашите народи, бидејќи, како што забележа, има голема духовна блискост.

– Во иднина нема да има никаква омраза, како што немало и досега, мора да се зближиме да бидеме заедно во радост и во тага. Мора да ја почитуваме нашата историја и традиција, кои со векови нашите предци ги почитувале, рече Самсоненко.

Црквата посветена на „Св. Троица“, треба да биде готова во 2015 година, а изведувач на работите е комланијата „Жигол“.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите