Почна изградбата на нова детска градинка во Ново Лисиче

Од:

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во кругот на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче со поставување камен-темелник официјално го означија почетокот на изградба на нова детска градинка со капацитет за згрижување 200 деца.

Градинката Буба Мара ќе добие нов модерен објект, кој ќе ги исполнува сите неопходни стандарди и ќе обезбеди современи услови за згрижување и престој на 200 деца, соопштија од општината.

Новата градинка ќе содржи 8 занимални со сопствени санитарни јазли, кујна на вкупна површина од 1.500 квадратни метри. Изградбата се очекува да заврши наредната есен.

Средствата за новата детска градинка од околу 40 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром.

– Со изградбата на новата градинка очекувам дека ќе се задоволи реалната потреба од поголем капацитет за згрижување на децата во Ново Лисиче и да се подобрат условите за престој и воспитување на децата, изјави градоначалникот Марин.

Би можело да ве интересира

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски