Почна изградбата на катната гаража „Мал ринг“

Од:

Со поставување камен-темелник денеска беше означен почетокот на градежните работи за изградба на катна гаража во непосредна близина на Музејот на холокаустот во центарот на Скопје. За две години новиот објект треба да обезбеди 169 нови паркинг-места на таа локација како една од најфреквентните во централното градско подрачје.

Катната гаража е последна од седумте што од пред две години заеднички ги најавија Владата, Градот Скопје и Општина Центар за средување на хаосот со недостиг од паркинг-места во центарот на главниот град. Инвеститор на катната гаража е АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Во изградбата ќе бидат инвестирани 237.190.000 денари. Новиот објект ќе биде со површина од 10.037 метри квадратни и ќе понуди 169 нови паркинг-места.

– Со заеднички ангажман на Владата, Градот Скопје и Општина Центар преку изградба на катните гаражи ќе се подобри животот на граѓаните и ќе се реши проблемот со паркирањето во центарот на градот, истакна премиерот Никола Груевски на свеченоста по повод поставувањето камен темелник.

Изградбата на предвидените катни гаражи, според Груевски, се одвива според плановите и за сите е обезбедена финансиска конструкција и се склучени потребните договори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар