Почна изградбата на канализација во гостиварско Здуње

Од:

Во гостиварско село Здуње почна изградбата на канализација која треба да заврши до крајот на идниот месец. Со овој проект што го спорведуваат локалната самоуправа и ЈП „Комуналец“ ќе бидат опфатени околу 200 домаќинства. Од општина Гостивар информираат дека со овој зафат ќе биде поставен цевковод за собирање на отпадни води во должина од над еден километар.

Точната вредност ќе биде позната откако целосно ќе заврши реализацијата, нагласи градоначалникот Арбен Таравари по увидот на почетокот на работите. Тој напомена дека овој период ќе биде искористен и за други инфрастуктурни зафати на пвоеќе локации.

– Ова е една од капиталните инвестици кои ги ветивме во предизборната кампања. Се соочуваме со опструкции, но ние сепак работиме. Деновиве, предвидено е да се започне со реконструкција на патот Лакавица-Србиново, како и со изградба на водоводот во селото Дебреше, изјави Таравари.

Дел од жителите на ова село во кое живеат албанци, турци и македонци во разговорот со градоначалникот ја истакнаа благодарноста за ангажманот и инвестицијата на локалната власт во решавање на, за како што рекоа еден горлив проблем на жителите на ова село.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија