Почна изградбата на извиднички парк во Крива Паланка

Од:

Започнаа активностите за изградба на извиднички парк пред извиднички центар „Вавилон“ во Крива Паланка.

Од извиднички одред „Наум Наумовски-Борче“, кои го имплементираат проектот во рамки на Годишната програма за работа, информираат дека ова е прва фаза од целокупната активност за создавање услови за сместувачки капацитети во центарот.

– Се работи на расчистување на дворната површина каде ќе се гради паркот за извидници. Во центарот, пак, ќе се направат сместувачки капацитети, конкретно за една извидничка патрола или шест лица. Финансии се обезбедени од наши буџетски средства, Сојуз на извидници на Македонија преку проектот „Гласници на мирот“ со кој се поставени и клупи во паркот и од општина Крива Паланка, а со материјални средства и механизација не поддржа јавното претпријатие „Комуналец“, информира Игор Ангеловски, старешина на ИО „Н.Н. Борче“.

Ова е прва од петте програмски активности предвидени за периодов со тематски наслов „Извидниците за Македонија“.

– Ќе се гради и извиднички музеј во кој ќе бидат изложени фотографии, артефакти и документи од формирањето на одредот во 1960 година, до денес. Планирано е запознавање на извидниците од Крива Паланка и регионот со историски белешки од далечното минато од основањето на гардот и со личности кои оставиле длабок печат во општинската историја, дополни Ангеловски.

Во месец мај ќе се реализира трилатерална средба на извидници во Хрватска и Србија, а кон крајот на летото ИО „Н.Н. Борче“ ќе организира тридневен Меѓународен еко-камп во кој ќе се вклучат одреди од Македонија, Србија и Бугарија. На кампот ќе се официјализира регионалната соработка на ниво на одреди меѓу Крива Паланак и Босилеград, Република Србија.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски