Почна изградбата на дел од канализационата мрежа во Добри Дол, Гостиварско

Од:

Државата преку повеќе програми работи на подобрување на стандардите на животната средина, а во Општината Врапчиште инвестираше 12 милиони денари. Покрај канализацијата за селото Добри Дол, наскоро треба да започне и проект со кој Неготино Полошко ќе добие постабилно водоснабдување, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, кој ја посети Општината поради отпочнувањето на поставувањето на канализацијата.

Тој изрази огромно задоволство што Министерството учествува во реалицијата на проектот во Општина Врапчиште.

– Вкупната вредност на проектот за селото Добри Дол изнесува околу 15 милиони денари, од кои Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2018 година, обезбеди шест милиони денари, рече министерот Дураки.

Тој нагласи дека Министерството активно работи за подобрување на водоводниот систем во селото Неготино и дека е во тек јавната набавка за изградба на доводен цевковод во вредност од околу 17 милиони денари. Во тој проект Министерството учествува со пет милиони денари преку Програмата за управување со водите за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Мотоциклист и сопатник се повредени во сообраќајка во Гостивар

Притвор за осомничените за убиството во Гостивар, мотив било несогласувања и конфликти

Убиство во Гостиварско, застрелан жител на Дебреше

Предраг Петровиќ

АХВ времено ја затвори кујната на угостителскиот објект во Гостивар по пријавите на труење со храна

Деветмина се затруле со храна во Гоствар, јаделе во ист угостителски објект

Ендокринологот Ваљбон Лимани избран за в.д. градоначалник на општина Гостивар