Почна гласањето, делегатите на ВМРО-ДПМНЕ бираат меѓу деветте кандидати

Од:

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да гласаат за избор на еден од деветте пријавени кандидати за претседател на државата. На гласачките ливчиња кандидатите се испишани по азбучен ред, според првата буква од презимето.

На конвенцијата во Струга што почна напладне, дадена е пауза  додека трае гласањето, по што, во 18:00 треба да продолжи.

Во трката за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ се Гордана Силјаноска Давкова, Влатко Ѓорчев, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовски, Васко Костов, Ѓорѓи Манасков. Тие имаа 15-минутни обраќања во кои ги изнесоа своите визии и програми.

Конвецијата ја отвори лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој во обраќањето порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да избере човек кој ќе биде претседател на сите граѓани, што ќе ја води државата бестрашно и непоколебливо, човек кој ќе биде гаранција за квалитетот во носењето одлуки, кој ќе се обрзе да ги почитува Уставот и законите.

Би можело да ве интересира

Николоски: Нема да има предвремени парламентарни избори

Горан Наумовски

Жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Приштина и Јужна Митровица ќе добијат градоначалници во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Андреј Бабиш се враќа на власт: Победа на популизмот и нови предизвици за Чешка

Предраг Петровиќ

Трет ден кампања за Локалните избори 2025