Почна да се фрескоживописува „Света Петка Параскева“ во Кавадарци

Од:

Во организација на Македонската православна црква Охридска архиепископија, Повардарска епархија, во чест на православниот христијански празник „Св.Маченичка Параскева-Петка“ пред новоизградениот храм во Кавадарци се изврши водосвет и благословување на почетокот на фрескоживописот.

Беше отслужена света Божествена литургија во црквата „Свети великомаченик Димитрија“ по што на платото пред новата црква „Св. Преподобна Параскева-Петка“ се изврши чинот на водосветот и благословувањето од страна на високи свештени лица од Повардарската епархија во сослужение со свештеници од храмот Св. „Димитрија“ од Кавадарци.

– Овој објект ќе го одбележи времето во кое живееме, нашите намери, тежнеења и достигнувања, ќе оставиме духовна порака за нашите поколенија на целиот македонски народ, рече Трајче Грков од Кавадарци, архитект на новата црква.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Арамии провалиле во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ и го ископале подот

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје