Почна бележењето паркинг места на улица „Илинденска“ во Кавадарци

Од:

Кавадарчани да ги тргнат возилата од улицата “Илинденска”, бидејќи вечера во периодот од 22 часот до утре во 7 часот, ќе се бележат паркинг местата, апелираа денеска од Јавното претпријатие “Комуналец”.

– Се молат граѓаните најдоцна до 20 часот да ги дислоцираат сите возила што се наоѓаат на улицата, се со цел непречено да се изврши обележувањето. Доколку не се изврши самоволно тргање на возилата од улицата, ќе мораме да пристапиме со барање на сопствениците со полициска придружба, односно ќе се бараат сопствениците по регистарски таблички и ќе се повикуваат да ги поместат возилата во текот на ноќните часови, соопштија од кавадаречкото комунално претпријатие.

Оттаму побараа разбирање од граѓаните за непречено да се изврши обележувањето на паркинг местата во строгиот центар на Кавадарци.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак