Почна акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро

Од:

Во пресрет на летната туристичка сезона, клубот за подводни дејности „Охрид“ денеска почна со чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад на потегот од градското пристаниште до Канео.

Акцијата е финансиски поддржана од локалната самоуправа.

Градоначалникот Јован Стојаноски пред почетокот на акцијата рече дека Охрид како туристички центар треба да биде препознатливо чист, за што побара поддршка од граѓаните, да водат сметка за чистотата на градот и езерото.

– Акцијата за собирање отпад од езерото е мал проект, дел од поголемата приказна што е предвидено да се реализира во соработка со ЈП „Охридски комуналец“. Планирани се многу акции во кои ќе бидат вклучени училишта, фирми и охридските јавни претпријатија. Јасно е дека ЈП „Охридски комналец“ не може сам да го чисти целото крајбрежје, па оттаму важноста на ваквите акции, рече Стојаноски.

Нуркачите од Охрид преку најразлични активности и проекти повеќе од 20 години вршат чистење на дното на езерото.

– Наша единствена цел е да влијаеме врз свеста на граѓаните, да им се вреже во свеста дека не треба да се фрла отпад во езерото. Езерото го загадуваат исклучиво граѓаните на Охрид, никој од туристите не доаѓа за во езерото да фрли машина за перење, истакна Горан Балевски нуркач од Клубот за подводни активности „Охрид“.

Позитивно во сите овие акции е податокот што го изнесуваат нуркачите, дека од година во година се помалку отпад се вади од езерото. Акциите за чистење даваат резултат и придонесуват за јакнење на еколошката свест.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски