Почна 8. Меѓународен семинар по албанологија во Тетово

Од:

„Албанската култура како нераздвоен дел на европската култура“ е тема на годинашниот, осми Меѓународен семинар по албанологија, кој во наредните два дена ќе се  одржува на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ).

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми истакна дека регионалниот карактер на семинарот покажува дека и Тетово, како и другите центри на Балканот, е значаен центар каде што се третираат и дебатираат јазични и културни прашања посветени на албанската историја.

– Особено ја добиваат потребната конотација кога  се претставуваат со западноевропски акцент. Од друга страна, ја зголемува сликата на Државниот универзитет во Тетово како високообразовна институција што зачекори кон европските универзитети но, од друга страна, дава и насока на општествен прогрес. Убеден сум дека учесниците на овој семинар, луѓето на истражувачките вредности со нивните предавања и дебатирања ќе дадат и еден дополнителен придонес што ќе биде во функција на докажување дека албанската историја и култура секогаш била нераздвоен дел на европската култура, изјави Адеми.

Според ректорот на ДУТ Вулнет Амети. семинарот по албанологија на ДУТ секоја година придонесува со своите нови научни и образовани сознанија од оваа област.

Директорот на семинарот Фехри Рамадани информираше дека тој ќе се одвива во четири сесии посветени на албанскиот јазик и литература, историјата и етнокултурата.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово