Почна 131-та пленарна седница со околу 40 закони, ВМРО-ДПМНЕ не присуствува

Од:

Собранието ја почна 131-та седница на чиј дневен ред се околу 40 закони и барања за автентично толкување. На седницата не се присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа седница почна откако беше прекината 137-та седница на која требаше да се расправа за самораспуштање на Собранието.

Причина за прекинувањето на 137-та седница, како што објасни спикерот Талат Џафери, “е барањето на координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ДУИ да се одржи 131-та седница и да се донесат законите за аудио и аудио-визуелни услуги, за лични податоци и за изменување на Законот за Инспекторатот за употреба на јазиците”.

“Тоа е барање и на ВМРО-ДПМНЕ по однос на законот за аудио и аудио визуелни услуги”, рече Џафери.

Собранието претходно ги донесе и законите за јавно обвинителство, како и измените на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана.

На гласањето за измените на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on