Починато бебе донесено во битолската болница

Од:

Од педијатрискиот оддел во болницата во Битола вчера в полиција било пријавено дека било донесено починато неколкумесечно бебе. Според информации од дежурниот лекар, бебето имало повеќе здравствено проблеми информираат од Министертвото за внатрешни работи.

-На 27.11.2022 во 08.40 часот во СВР Битола, од Одделението за педијатрија при Клиничката болница Битола било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе. Бил извршен службен разговор со дежурниот лекар кој изјавил дека бебето имало повеќе здравствени проблеми. Во службен разговор, родителите Н.Г. и Ј.Г. изјавиле дека во 07.00 часот бебето било без знаци на живот, по што го донеле во болница се наведува во соопштението од МВР.

По наредба на Јавен обвинител над телото на бебето ќе се врши обдукција.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода