Починатите од Ковид-19 не мора да бидат погребани во метален сандак

Од:

На денешната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести, дека овластените оператори за погребални услуги се должни да го применуваат соодветниот наменски Протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со мртво тело во контекст на Ковид-19, во кој не е правно нормирано дека постапувањето со тело на умрено лице кое починало од заразната болест, се врши во затворен и залемен метален сандак.

Воедно, со овој заклучок Владата наведува дека подготовка, завиткување, транспорт и закопување на мртво тело кое починало од заразната болест Ковид-19 не е утврдено дека се врши во затворен и залемен метален сандак ниту во Правилникот за условите и начинот за закопување, ископување и пренос на умрено лице.

Согласно протоколот и правилникот, ексхумацијата на починатите е дозволено, но не порано од една година.

Би можело да ве интересира

Од Брисел и натаму нема абер кога Македонија ќе добие вакцини

Жарко Настоски

Задолжителен тест и карантин за државјаните на Македонија при влез во Германија

63 нови случаи на Ковид-19 од 677 направени тестови, починати се шест лица

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше, но Законот за лекови доби зелено светло, за набавка на вакцините на „Фајзер“

Габриела Димковиќ-Мишевска

610 пациенти се лекуваат во ковид центрите во Скопје и низ земјава

Катерина Павлова-Николовска

Осум нови пациенти примени во ковид центрите во Скопје во последите 24 часа