Починати 26 лица, нови 906 заразeни од Ковид-19

Од:

Според најновиот извештај од Институтот за јавно здравје, во текот на денешниот ден починале 26 лица, а има нови 906 заразени од Ковид-19.

Во текот на денот биле направени 6006 теста, односно позитивни на Ковид-19 биле 15.1 отсто од тестираните.

Во денешното соопштение на ИЈЗ, односно на Министерството за здравство, нема прецизни информации за старосната структура на починатите лица. Осум од нив се од Скопје, шест од Тетово, двајца се од Гостивар,  тројца од Струга, двајца од Кичево и по едно лице од Дебар, Виница, Кратово, Прилеп и од Охрид.

Во земјава во моментов има 14785 активни случаи на Ковид-19.

Морталитетот од Ковид-19 во Македонија, според ИЈЗ, изнесува 3,4 проценти.

Во прилог е статистиката на ИЈЗ за состојбата со Ковид-19 според општини:

Најголем број активни случаи има во Скопје, Куманово и во Тетово.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски