Починатата родилка во Гевгелија ја оперирале пијани анестезиолози

Од:

По добивањето на информацијата дека во тек на закажан оперативен зафат за породување дошло до смрт на родилка и на новороденчето, Основното јавно обвинителство – Велес започна предистражна постапка. Анализата на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи, велат од таму, покажала 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози. Кај лекарите – гинеколози не е констатирано присуство на алкохол во крвта.

„Надлежен јавен обвинител со цел утврдување на причините за смртта, до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје, достави Наредба за судско-медицински преглед и обдукција на телата на починатите. Во исто време донесена е и Наредба за анализа на крв на лицата кои го сочинувале тимот што го вршел зафатот, поради добиеното сознание дека двајцата лекари – анестезиолози биле во алкохолизирана состојба. Добиени се извештаите од судско-медицински преглед и обдукцијата. Во тек се дополнителни анализи и испитувања што треба да ги утврдат причините што довеле до смртта“, информираат од Основно јавно обвинителство.

„Од страна на Основното јавно обвинителство – Велес во насока на утврдување на причините за овој немил настан што ја разбранува јавноста, се преземени и други дејствија. Прибавена е целокупната медицинска документација што се однесува како на оперативниот зафат, така и на прегледите на родилката што претходеле на зафатот и резултатите од извршените претходни испитувања. Во текот на изминатите два дена се сослушани поголем дел од медицинскиот персонал кој го извршувал оперативниот зафат. Денес продолжува сослушувањето на останатите лица од медицинскиот персонал“, додаваат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава