Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар

Од:

76-годишна жена, вчера наутро е пронајдена почината на плочникот пред семејната куќа во Гостивар.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а според нејзиниот сопруг Ќ.О.(75), со кого заедно живееле во куќата, таа околу 4 часот отишла во кујната која била поврзана со балконска врата и најверојатно паднала од балконот, соопшти СВР Тетово.

Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршилe увид, а по наредба на јавниот обвинител на телото на починатата е извршена обдукција.

Од СВР Тетово го расчистуваат и документираат случајот.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар