Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Од:

На место викано „Мрзенско поле“, во атарот на гевгелиското село Мрзенци, вчера бил пронајден починат мигрант.

Според информациите, на 16 јули околу 11:52 часот, група мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош. По пристигнувањето на полициските службеници, на местото биле затекнати тројца мигранти без лични документи, кои изјавиле дека се државјани на Пакистан, како и починато лице за кое навеле дека има 36 години и патувало заедно со нив.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот мигрант е предадено на обдукција, со цел да се утврди причината за смртта.

Тројцата мигранти се пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски