Починат маж и тешко повредена жена пронајдени паднати пред зграда во центарот на Скопје

Од:

Маж го загуби животот, а жена со тешки телесни повреди е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје каде и е укажана медицинска помош, откако биле пронајдени паднати покрај зграда на булевар „Климент Охридски“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, во СВР Скопје вчера во 12.57 часот било пријавено дека пред зграда на булеварот „Климент Охридски“ биле пронајдени паднати 47-годишниот Ф.М. и 39-годишната К.Г., двајцата од Скопје.

– Лекар од Итната медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, наведуваат од МВР.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва