Починат еден пациент, 107 новозаразени – Македонија ја надмина бројката од 1.000 заболени од Ковид-19

Од:

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби починал пациент од струшко на возраст од 50 години кој бил хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен бил на механичка вентилација.

Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекувале во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19, од кои најголем број се од Куманово.

Од новодијагностицираните, бројките според градови се следни:

Скопје – 28
Куманово – 44
Дебар – 2
Штип – 1
Прилеп – 11
Тетово – 5
Струга – 1
Велес – 4
Битола – 6
Кавадарци -1
Гостивар – 2
Кочани – 1
Кичево – 1

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Со последните бројки, Куманово се доближува до Скопје според бројот на заболени од Ковид-19.

Според местото на живеење на заболените од коронавирусот, бројките се следни:

Во изминатото деноноќие направени биле 660 теста. Преку ИЈЗ –468 , преку Ветеринарен факултет – 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126.

Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19, а денешната бројка на новорегистрирани случаи досега е највисока.

Од Министерството за здравство информираат дека на Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив, 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 кои се во домашни услови.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска